Kako odabrati madrac?
Navigacija Pregled proizvoda

Перница Proactive Memory

Анатомски обликувана мемори пена!

Перница Proactive Мемори 

  • Антиалергиска анатомска перница со Proactive® пробиотичка микрофлора во навлаката
  • Перница од мемори пена со две нивоа на висина, прилагодлива на главата и вратот
  • 3Д пропустлива трака за подобра циркулација на воздухот
  • Надворешна навлака со патент, перлива на 40°C 
  • Практично пакување во кутија со рачка за носење

Перницата Proactive Мемори е анатомска перница изработена од термоактивна мемори пена која се прилагодува на индивидуалните контури на телото и гарантира исклучителна удобност и опуштеност. Перницата е анатомски обликувана, со што обезбедува сигурна потпора на Вашите глава, врат, рамења и ‘рбет. Перницата е погодна за сите возрасти, а особено за оние лица со болки во вратот или ‘рбетот, како и за оние лица кои преферираат пониски перници.

Антиалергиското својство е додатна вредност на оваа перница, изразена преку навлаката која благодарение на најсовреметниот третман Proactive® активно се бори со несаканите грини и спречува нивно понатамошно разможување во перницата. На самата навлака се наоѓа и 3Д пропустлива трака која го олеснува циркулирањето на воздухот.

Јадро на перницата:
  • Обликувана мемори пена
Надворешна навлака:
  • Висококвалитетна антиалергиска ткаенина
  • 3Д ткаенина за вентилација
Димензии: 50х32х10/8